КАРАКТЕРИСТИКИ:

Тоникот содржи екстракт од цвет на невен, камилица и Д-пантенол.

Одстранува прашина, шминка и вишок на маснотии од порите.

Тоникот е лосион составен од воден раствор, хидросолбутилно масло, навлажнувачко средство, антисептички, картолитички и мирисни материи.

Служи за чистење и негување на кожата. Бидејќи кожата е чиста на неа делуваат активните принципи од екстрактите на невен и камилица, продираат во нејзините подлабоки слоеви, ја хранат и ја подготвуваат за брза апсорпција на био и хранливите материи од кремата која се нанесува.

Хидрогенизираното рицинусово масло ја подмачкува, ја чисти кожата, го доведува себумот во оптимални граници со што спречува нејзино сушење и лупење. Вака конципираниот тоник има антисептичко и антифлогистичко дејство, што значи ја чисти, ја храни и ја чува кожата од негативните надворешни влијанија.

По третман со тоникот кожата е нахранета, негувана и чиста.

Д-пантенолот во допир со кожата, создава провитамин Б-5, кој е неопходен за добра хидратација на кожата. Исклучително делува на воспалена кожа.

Екстрактот од цветот на невен е богат извор на лековити состојки. Чисти, ја стега, ја зголемува циркулацијата и поттикнува раст на ново ткиво, ги отстранува отровите, ја смирува кожата.

Камилицата помага во отстранување на неправилности на кожата на лiцето. Опушта и дезинфицира, ги лечи воспалителните процеси.

Благотворно делува кај проблеми со акни, алергии, рани кои се инфицирани, кај изгоретини и пликови.

 

ДЕЈСТВО:
  • Длабински ја чисти, негува и храни кожата
  • Ги отстранува умртвените клетки на кожата
  • Ја негува третираната површина без иритација
  • Ја чува кожата од негативни надворешни влијанија
  • Хидратизира и освежува
  • Го подготвува лицето за нанесување на крема
НЕГА:

Се нанесува на лицето со памукче, два пати дневно, најдобро е навечер и наутро, за да се отстранат нечистотиите.
Наутро е важно да се отстранат штетните материи кои кожата ги излачува во текот на ноќта.
Вечерното чистење е уште поважно затоа што кожата треба да се исчисти од трагите на шминка и сите нечистотии кои во текот на денот се наталожиле на лицето. Со масирање се втрива во кожата, започнувајќи од вратот, околу брадата, устата, носот, потоа нагоре кон образите и челото. Водата ја омекнува нечистотијата, салицилната киселина ги одвојува изумрените ќелии од површината на кожата и со лесни движења се отстранува заедно со нечистотијата од лицето. Најдобар ефект се постигнува доколку после добро исчистеното лице се нанесе природна крема со благо втривање што прави активните принципи од кремата веднаш да делуваат на кожата.

Одговара на сите типови на кожа, посебно на чувствителна, оштетена и сува кожа, бидејќи содржи екстракт на камилица.