Блага формула инспирирана од силата на билните екстракти. Се употребува за миење на косата, и дава сјај, заштита и хидратантност.
Погоден е за обновување на сува и оштетена коса. Го јакне коренот на косата и ја негува чувствителната кожа на главата. Има благ кондиционирачки ефект.
Со екстракт на невен, коприва и масло од пченични ркулци.
- Ја зајакнува и ја обновува косата.
- Спречува кршење на влакното и пукање на врвовите
- Ефикасно го негува коренот, должината на влакното и краевите
Блага нега од природата, без сулфати, силикони и парабени. Потполно природен шампон за миење на косата овозможува правилно да ја негувате својата коса и да и ја вратите изгубената виталност и сјај. Не ја сушат косата и не ја отстрануваат фарбата и другите третмани на косата.
Посебно се препорачува на лица кои имаат слабо влакно, коса која долго е третирана со фарба, оштетена или на оние кои се наклонети на алергиски реакции.
Употреба: Добро навлажнете ја косата. На тој начин природниот шампон подобро ќе се распореди по косата и ќе ја одработи својата работа. Исплакнете ја косата темелно. Ве советуваме шампонот без сулфати да го употребувате најмалку 4 недели. Дури потоа можете да го видите волшебството на природниот шампон за коса.
Невен – Благодарение на антибактериското и антивоспалително дејство, маслото на невен го забрзува зараснувањето и обновувањето на кожата. Ја зајакнува косата и го поттикнува нејзиното растење.
Копривата многу ја употребуваат и за нега на сува кожа и коса. Богата е со витамини ( Б комплекс, Е, Ц и Д) , антиоксиданти, минерали ( цинк, железо, магнезиум, селен), нутритиенти. Најпозната употреба и е за подобрување на проблемите со опаѓање на косата, зајакнување на косата, првут и чешање.
Маслото од пченични ркулци содржи големи количини на витамин А, витамини на Б комплекс, витамин Д, витамин Е дури 7 пати повеќе од другите масла и многу реткиот витамин К. Поради богатиот витамински состав спречува кршење и сушење на косата со што овозможува здрав изглед, сјај и мазност.
Маслото на пченични ркулци ја регулира природната ПХ вредноста на косата, при тоа штитејќи го влакното од габични и бактериски инфекции. Освен тоа ги хидратизира испуканите врвови на косата кои се чест проблем кај жените.