НАТУРА ФРЕШ део ролл он, 65мл – машки 9211
НАТУРА ФРЕШ део ролл он, 50мл – женски- 9222
НАТУРА ФРЕШ део ролл он, 30мл – за тинејџери – 9223

Потполно нова формула Натура Фреш део ролл-он на база на минералот магнезиум и
освежителни мирисни ноти за дами и мажи дава сигурна заштита од непријатна миризба
која ја предизвикуваат бактериите во текот на потењето при што потните жлезди не се
блокираат и не се заморуваат. Не содржи алуминиум, парабени и алкохол.

Активната компонента базирана на овој минерал спречува развој на непријатна миризба
контролирајќи го порастот на грам позитивни бактерии. Има посебна кристална структура која во
себе задржува одредена количина на пот и себум, при што по нанесувањето остава заштитен филм
на кожата кој ја штити, негува и ја остава сува.

Натура фреш део ролл-он за тинејџери исто така е формулиран на база на минералот
магнезиум и на природен начин штити од непријатна миризба предизвикана од потење, а благиот мирис без алергени ја остава кожата мирисна и свежа. Не содржи бои,
алуминиум, парабени и алкохол.

Благодарение на благиот сурфактант на база на сончогледово масло и шеќер Натура Фреш има
кремаста структура која овозможува полесно нанесување, длабински ја негува кожата и ја прави свиленкаста и мека.

Препорака: Со оглед на тоа што се на база на природни суровини, Натура фреш ролл–оните може да ги употребувате 2-3 пати дневно.