Крема за нокти, заноктици и раце

Кремата е наменета за секојдневна нега на раце, одржување на здравјето на ноктите и подноктиците. Како и за регенерација на оштетени, крути и меки нокти наклонети кон пукање и листање. Брзо се впива во кожата и коренот на ноктите. После употреба ноктите растат без пукање, здрави се, мазни и еластични. Храни, негува и регенерира.

Дава заштита од надворешни неповолни влијанија.

Со употреба на кремата ноктите стануваат појаки, поеластични и се намалува кршењето. Ги штити заноктиците од стврднување и оштетување.

Ноктите добиваат цврстина, здрав, убав и негуван изглед, подноктиците стануваат помеки.