со масло од памук и екстракт на невен 5 во 1

  • Нежно ги отстранува нечистотиите
    Ја отстранува шминката
    Ја смирува кожата
    Хидрира
    Го регулира себумот

Лимес мицеларната вода СО МАСЛО ОД ПАМУК И НЕВЕН, нежно ја чисти кожата на лицето, лесно ја отстранува шминката, вишокот на себум и ја хидрира кожата на лицето, без предизвикување на воспаление.

Единствена формула која содржи масло од памук богато со витамин Е, кое го успорува процесот на стареење на кожата и создавање на брчки, со што е одлично за нега на зрела кожа. Екстрактот на невен има смирувачко дејство и ја подржува регенерацијата на кожата. Citrofruit woter – Органски воден екстракт на овошје. Во него се сочувани сите олиго- минерали и витамини од тоа овошје.

Погодно за сите типови на кожа.

Чистењето на лицето и отстранувањето на шминка со мицеларната вода е многу едноставно, без многу триење. Потребно е течноста да се нанесе на парче вата и лесно да се помине по лицето. Нечистотијата и шминката брзо се отстрануваат, бидејки мицелите делуваат како магнет за нечистотијата.

Истовремено, мицеларната вода ја освежува кожата и ја прави мека. Исто така, по чистењето не е потребно плакнење, т.е миење на лицето и не ја воспалуваат кожата.

Маслото добиено со пресување на семките на растението од памук, е со многу лесна текстура со што е одличен производ за нега на кожата. Се употребува за нега на рапава, сува и дехидрирана кожа. На нашето лице му обезбедува мазност, степен на тоничност, висок степен на хранливост.