СО БРШЛЕН И ЕТЕРИЧНО МАСЛО ОД ПОРТОКАЛ

Идеално решение против целулит

– Видно го редуцира целулитот

– Го елиминира вишокот на течности и токсини

– Ја забрзува циркулацијата и метаболизмот

– Ги намалува масните наслаги

– Ја затегнува и ја зацврстува кожата

Активниот комплекс на природните компоненти од маслото на бршлен ( најдобро во борбата против целулитот, спречува создавање на брчки, ја подобрува еластичноста, благо ја затега кожата, го намалува воспалението и ја подобрува циркулацијата) во комбинација со етеричното масло на портокал и витамин Е е идеално решение против целулит, го олеснува отстранувањето на масните наслаги на одредени делови на кожата. Маслото делува хидратантно во текот на целиот ден, го поттикнува растот и обновувањето на кожата што ја прави мазна и еластична. Лесно се апсорбира, поттикнува циркулација во кожата и дополнително опушта. Етеричното масло од портокал е освежувачка овошна арома која делува антистресно, го подобрува расположението, ја штити и ја подмладува кожата. Помага кај болки во мускулите, зглобовите, кај отекување на ткива.