Посебно сме горди на тоа што нашите производи помогнаа на голем број потрошувачи кои успеаа со употреба на некои од производите да решат одредени здравствени проблеми.

Денес, Лимес има широка палета на производи, поточно, преку 100 различни видови производи за козметика, лична и куќна хигиена. Сите производи се биоразградиви, без алкалии и фосфати, а воедно се и енергетски штедливи. Во секој од производите има комбинација на екстракти на лековити билки: невен, босилек, кантарион, камилица, липа, жалфија, коприва, ајдучка трева, бршлен…

Екстрактите на босилек и невен се најзастапени во производите на Лимес, инаку многу лековити и ценети билки, кои се одгледуваат на плантажите на Лимес. Поради содржината на екстрактите на овие билки, производите на Лимес не само што не се штетни, туку имаат и лековито дејство што ги прави посебни.

Но не верувајте дека овде ќе застанеме, желбите и можностите ни се да вложиме максимални напори Компанијата и понатаму да напредува и расте, ширејќи се во земјите во опкружувањето па и понатаму.