Компанија Лимес се занимава со производство на природни производи на база на лековити билки од Стара Планина. Во нашиот асортиман имаме околу 100 производи од областа на:

1. козметика,

2. средства за лична хигиена,

3. средства за куќна хигиена,

4. чаеви,

5. перници.

Традицијата долга 20 години ни овозможи титула на најстара домашна фирма на Балканот која работи по системот на мрежен маркетинг на територија на: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Хрватска, а од неодамна и на територија на Бугарија, Словенија и Словачка.

Производниот и деловниот комплекс на компанија Лимес се наоѓа на еколошка локација во подножјето на Стара Планина. Босилекот и невенот се најзастапени состојки во нашите производи, а овие билки ги негуваме на нашите плантажи.

Во самото срце на Лимес се наоѓа бесценет извор на вода на длабочина од 185 метри во еколошко подрачје, кој дополнително го зголемува квалитетот на производите.

Носители сме на Меѓународна златна награда за квалитет која ни е доделена во Париз. Производниот процес секојдневно се усовршува со нови машини и технологии како и со обучен вработен кадар.

Покрај употреба на еколошки производи, нашиот систем дава можност за дополнителна заработка и заштеда по принцип: купи-пробај-препорачај-заработи.

– Чувајте го Вашето здравје и здравјето на Вашето семејство, со природни производи кои се спој на традиционална рецептура и магичната природа…

Proizvodnja