КАРАКТЕРИСТИКИ:

Концентрирана паста со билни екстракти на кантарион, босилек, нане и жалфија, мирисни и лековити билки од подножјето на Стара планина.

 

Содржи специјални полнила LP со заоблени честици кои даваат ефект на ,,меко“ чистење, без оштетување на површината на забите и во исто време делува како полирачко средство.
Нане (Menthae piperitae folium) е една од најпознатите лековити билки која од многу одамна се употребува во медицината.

Делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), анелгетски, антиспазматично, антибактериски, смурувачки, антивирусно и ефикасно лечи бројни тешкотии и инфекции.

Помага при болести на непцата и здивот од устата.

Жалфија (Salviae Folium) е многу ароматична и има специфичен мирис. Има антидепресивно, антисептичко, антиспазматично, бактерицидно, седативно, тонично дејство, освежува, смирува, помага при затегање на ткивото. Добра е за плакнење на грлото и устата. Поради своето антисептичко дејство жалфијата ја намалува можноста за појава на болести на непцата.

Dejstvo:
  • го освежува здивот
  • ги чисти и полира забите
  • ги уништува бактериите кои се собираат во устата
  • ја ублажува парадентозата
НЕГА:

Се употребува за секојдневно миење на забите. Со оглед на тоа дека е концентрирана, потребна е помала количина од пастата за едно миење од стандардните пасти за заби.