Помага при инфекции на бешиката и мокрачните патишта.

Урино чајот ги чисти бубрезите од кристали и песок, помага при болки, ја поттикнува работата на бубрезите, ги ублажува грчевите, го забрзува мокрењето, не дозволува таложење на тиња и песок и создавање на камења.

Мешавината на одбрани билки има дезинфекционо, диуретско и антисептичко дејство при разни воспаленија на бубрезите и бешиката.

СОСТАВ:

ЛИСТ ОД БРЕЗА со своето силно диуретско влијание го забрзува излачувањето на мокрачата и со самото тоа доаѓа до испирање на мокрачните патишта и бубрезите. Посебно се препорачува за лечење на бактериски инфекции на уринарниот тракт и при уретритис.

Го прочистува организмот бидејќи ги плакни солите, песокот и камењата од бубрезите.

КИЛАВИЦА- [Herniaria glabra] – помага во лечење на урогениталните органи, при заболување на бешиката, создавање на каменчиња, воспаление на мокрачните канали, хроничен циститис и уретритис, делува смирувачки на мускулатурата на бешиката.

СЕЛЕН (Levisticum officinale) sprečava stvaranje bubrežnih kamenaca, pospešuje protok krvi, jača ceo organizam.

МЕЧКИНОТО ГРОЗЈЕ (Arctostaphyllos uva-ursi) е исклучително лековита билка. Најдобри резултати покажува кај лечење на воспаление на мокрачните патишта и бубрезите. Го прочисува уринарниот тракт од бактерии, делотворна е во лечење на многу непријатната бактерија, ешерихија коли. Корисна е и во лечење на простата.

КОЊСКО ОПАВЧЕ (Equisetum arvense, fam. Equisetaceae) го поттикнува мокрењето. Има влијание кај пореметување на работата на бубрезите, ги ублажува грчевите во бешиката, болно и зачестено мокрење и слични здравствени проблеми. Најчесто се употребува за лечење на мокрачните канали но и како лек за намалување на камењата во бубрезите.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Една кесичка чај се прелива со два децилитри врела вода и се остава да стои покриено 30 минути. Се пие три пати на ден.