Содржи екстракт на босилек и невен, глицерин, биоактивни материи.
Може да го замени било кој концентрат од колекцијата Селекта. Ефикасно чисти стакло, порцелан, керамика, дрво, обоени површини, а може да се употребива и за миење на автомобили и машини.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
- За чистење на накит – раствор 1:5
- За чистење на мотор на автомобили – раствор 1:3
- За чистење на каменец – раствор 1(оцет) : 2(концентрат)
- За чистење на стакла – раствор од 1/2 литри вода и неколку капки концентрат
- За рачно и машинско перење на облека – комбинација 2 капачиња универзален концентрат и концентрат за облека.
- Отстранување на флеки – на исфлеканото место се нанесуваат неколку капки чист концентрат , се остава да делува неколку минути и се пере или се остава да се исуши, па се четка.
Може да се користи за отстранување на флеки од кафе, рѓа, маснотија, овошје, мастило, фломастер, шминка, фарба од теписи, облека и други ткаенини. Доколку не успеете да ги отстраните флеките со еден обид, повторете го процесот неколку пати.
ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА:
– Универзалниот концентрат може да се употребува за капење на домашни миленичиња
– Раствор од 1 литар вода и 5 капки концентрат за прскање на цвеќиња
– Раствор од концентрат и вода може да се употребува за прскање на облека заради полесно пеглање
– За хемиско чистење на одела – раствор од 1 литар вода и лажичка концентрат, со четка за одело се четка материјалот.