Содржи екстракт на босилек и биоразградиви материи.

Тепих шампонот со екстракт на босилек е производ на новата технологија за машинско и рачно перење на текстилни површини и теписи. Квалитетно и без оштетување отстранува нечистотии на прекривки, теписи, стази и слични површини. Екстрактот на босилек во формулата на овој производ има ефект на дезинфекција.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Производот е високо концентриран. За нормално извалкани површини потребно е да се направи раствор од 10 литри вода и 100мл тепих шампон.