КАРАКТЕРИСТИКИ:

Содржи екстракт на босилек, ајдучка трева, невен и глицерин. Ја негува кожата и ја дезинфицира.

Екстракт на босилек (Basilicum Ocimum) делува антибактериски и антисептички (спречува развој на микроорганизми).

Екстракт на Ајдучка трева ( Achilea Millefolium) делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), антифлогистички ( благотворно делува на воспалителните процеси на кожата), ја смирува кожата која е наклонета кон воспаленија, помага на епителизацијата.

Екстракт на невен (Calendula Officinalis) ја омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта.

Глицерин ја храни и хидрира кожата.

Во случај кога се работи со силни нечистотии, на суви раце да се втрие течен сапун, ќе се спречи нечистотијата да се вовлезе во порите на кожата. Заменува 10 тврди сапуни.