КАРАКТЕРИСТИКИ:

Дневна хидратантна крема која претставува заштитна бариера и го ограничува дневното губење на влага. Во кремата е вграден сок од краставица кој моментално и видливо ги отстранува недостатоците на кожата, црвенило, отоци, ги ублажува брчките.

Краставицата содржи до 90% вода, витамин Ц, каротин, пектин, ензими и уште многу корисни материи кои ја негуваат кожата. Одлично средство е против воспаленија на кожата и слузницата. Сокот од краставица со останатите состојки продира длабоко во кожата и овозможува долготрајна хидратација.

Се цеди со ладна постапка и веднаш се вградува во кремата со што се сочувани сите активни материи. Активните принципи на краставицата во кремата делуваат дестимулативно на врзивното ткиво како молекуларен сунѓер кој ги врзува протеините и водата, така што ќелиите набабруваат, кожата станува мазна, нежна и затегната.

Употребата на оваа крема спаѓа во СПА козметичка нега, што претставува модерно име за нега со вода со лековити состојки, во овој случај тоа е сокот од краставица.

ДЕЈСТВО:

– ја хидрира кожата на тој начин што ја зголемува природната влажност на кожата

– ги отстранува недостатоците (црвенило, отоци, подуеност) и штити од слободни радикали

– ги ублажува брчките – кожата станува затегната, кадифена и свежа- релаксира и ја штити кожата

НЕГА:

Се нанесува два пати во текот на денот без оглед на типот на кожата, а по потреба и повеќе пати ( за лица со сува и испукана кожа). Одговара на сите типови на кожа. Посебно се препорачува на лица со сува кожа, која лесно се лупи и е наклонета кон создавање на брчки.

Кремата е идеална за ладниот период кога заради студот и ветрот кожата дополнително губи влага. Многу добро делува на воспалена и мрсна кожа пропратена со мозолчиња и митесери, бидејќи краставицата делува како чистач на кожата. Кожата станува затегната, мазна, свиленкаста и свежа.