Санитар гел е средство за чистење и одржување на хигиена во вашиот тоалет.

Содржи биоразградиви и активни материи, средства за дезинфекција и освежување, екстракт на босилек и мирис на бор. Не содржи киселини, алкалии и фосфати. Се употребува без маски и заштитни ракавици бидејќи не ја иритира кожата и дишните органи. Со редовно користење се спречува наталожување на каменец од тврдата вода, остатоци од сапуница и нечистотија. Создава висок сјај без гребнатини.

ДЕЈСТВО:

Наменет е пред се за домаќинства, за редовно одржување на купатила и сите санитарии во него.
Делува антибактерицидно на грам позитивни и грам негативни бактерии, дезодорира и остава пријатна и долготрајна свежина.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се нанесува со сунгер на претходно навлажнети површини и се остава да делува 15-20 минути, а потоа се плакни со вода. Остава висок сјај, а при тоа не ја оштетува површината која се чисти. На третираната површина остава заштитен филм на кој не се задржуваат капки вода, маснотија и нечистотија.

Со овој производ освен купатијата може да ги дезинфицираме и другите површини во куќата: паркет, кваки, столови и др, а со раствор од вода добиваме исклучително добар освежувач на простории со мирис на бор.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА:

Помага при отстранување на курје око.

Благ раствор се користи за одржување на паркет.