КАРАКТЕРИСТИКИ:
Шампонот содржи екстракт на кантарион, невен и глицерин.
Кантарионот( hupericum perforatum) има силно бактерицидно и антивирусно дејство. Антисептик е. Го поттикнува лачењето на лојните жлезди. Ги лечи испуканите краеви на косата.
Екстрактот на невен (calendula officinalis) ја подобрува циркулацијата, ја храни кожата на главата и косата, а со самото тоа спречува нејзино сушење, пукање, кинење и цветање, на косата и дава мекост.
Дејство:
- Го намалува кршењето и ја регенерира косата
- На косата и ја враќа потребната маснотија и влажност
- Косата станува сјајна и лелеава
- Кожата станува мека и мазна
НЕГА:
Се употребува за миење на косата и за туширање.
Шампонот се втријува во косата и кожата на главата, се остава да делува неколку минути и се плакни со вода. Заради тоа што содржи екстракт на кантарион се препорачува на лица со оштетена и фарбана коса. Шампонот на база на екстракт на невен и кантарион ја регенерира сувата коса и и дава нормален изглед. Мазна, мека и лелеава коса и по фенирање.