КАРАКТЕРИСТИКИ:

Шампонот содржи екстракт на хмељ, бреза и коприва.

Копривата (urtica dioica) има благотворно дејство на коренот на косата и е една од најдобрите билки за нега на косата. Одлична е против опаѓање на косата и за јакнење на коренот на косата. Продира до лојните жлезди. Го ублажува нивното прекумерно лачење и го нормализира. Силициумовите соединенија спречуват кршење на влакното и го зацврстуваат коренот на косата. Делува антиалергиски, антистресно, противвоспалително, ја подобрува циркулацијата.

Хмељот (humulus lupulus) е природен антиоксиданс, ја негува и ја храни косата и кожата, делува на површината на кожата, ја смирува и ја тонизира.

Брезата (betula alba) делува антибактериски, ја негува и ја штити кожата и косата, делува длабински, директно на жлездите. Заедно со хмељот поволно влијаат на лојните жлезди, ја нормализираат нивната работа и спречуваат прекумерно лачење на масните материи.

ДЕЈСТВО:
  • Ја намалува маснотијата
  • Косата добива нормален изглед, природен сјај, лелеавост
  • Косата станува мека и мазна
  • Се намалува бројот на миење
НЕГА:

Се употребува за миење на косата и за туширање. За најдобар ефект потребно е шампонот да се втрие во косата и кожата на главата и да се остави да делува неколку минути, а потоа да се исплакни со вода.

Проблемот на умерено мрсна коса може да се коригира со правилна исхрана и нега, меѓутоа постојат и многу потешки облици на мрсна коса, па во такви случаи покрај поинаков начин на исхрана и вообичаена нега, се препорачува употреба на шампон за мрсна коса и балзам за да косата добие волумен.