КАРАКТЕРИСТИКИ:

Содржи октопирокс, екстракт на невен и кантарион, глицерин. Во комбинација со екстракти на лековити билки и активните компоненти, интензивно се отстранува првутот. pH е неутрален.

Октопироксот е лек кој продира низ целата кожа. Тоа е силен антисептик и го отстранува првутот. Неговата јачина ја регулираат екстрактите на невен и кантарион. Со оглед на тоа дека е антисептик, ги отстранува микроорганизмите и го намалува чешањето.

Кантарионот (hypericum perforatum) е богат со етерични масла. Има антисептичко дејство, ја подобрува циркулацијата и овозможува побрзо размножување на клетките – ја регенерира кожата. Кантарионот е природен лек против првут.

Екстрактот на Невен (calendula officinalis) го подобрува растењето на косата така што продира во клеточната плазма.

ДЕЈСТВО:

Интензивно го отстранува првутот

НЕГА:

Се користи за секојдневно миење на косата и заштита од првут. Шампонот се втрива во коренот на намокрена коса (се масира коренот околу три минути), се плакни и повторно се нанесува шампонот, се масира и се остава да делува 3-5 минути, за активните компоненти да делуваат на клетките. Бидејќи ова е малку посилен од останатите Лимесови шампони, може да предизвика пецкање доколку продре во очите. Кога првутот ќе го снема, треба да се премине на некој друг, исклучиво билен шампон (на пример, благиот шампон за секој ден).