КАРАКТЕРИСТИКИ:

Содржи активни компоненти и екстракти на лековити билки: босилек, кантарион, нане и жалфија. Во секојдневната грижа за здравјето на усната шуплина, задолжителен дел од приборот за хигиена се четката за заби, пастата за заби, забниот конец и водичката за плакнење на устата. Водичката за уста ги плакни нечистотиите, односно талозите на забите и непцата, овозможува пријатен и свеж здив. Непријатниот здив во устата може да биде последица на лоша орална хигиена, наслаги на забите и остатоци од храна на рапавата површина на слузницата на јазикот со чие гниење настанува непријатен мирис во устата.
Активните супстанции на босилек, кантарион, жалфија и нане делуваат антибактериски, штитат од воспаление на грлото и непцата и помагаат во лечење на афти и ранички во устата. Превентивно делува против кариес, спречува создавање на каменец и го отстранува непријатниот здив.

Етерското масло на нането содржи ментол кој има изразено бактерицидно дејство па со тоа супстанцијата е погодна за дезинфекција. Ментолот е јак ароматик кој ги дразни нервите, лесно испарува и заради тоа лади поради што е јак анестетик. Додатокот на жалфија го зголемува антисептичкото дејство бидејќи жалфијата содржи етерско масло кое е богато со тујон, камфор, а содржи и танини. Има докажано антимикробно дејство на некои бактерии и габички. Поволно влијае на лечење на разни инфекции и рани. Босилекот дава јак ароматичен мирис. Исто така има антисептички и својства на конзерванс бидејќи спречува развој на многу микроорганизми и ги уништува.

ДЕЈСТВО:

Росафреш водичката има силно антибактериско дејство и пријатен вкус. Со инхалирање на Росафреш водичката ќе се ослободите од кивавица и синуси.

НЕГА:

Во 10-20мл вода се раствораат 5-10 капки од РОСАФРЕШ концентратот и се врши плакнење на устата и грлото.