КАРАКТЕРИСТИКИ:

Кремата се базира на природно масло од цветови на невен и глицерин.

Се употребува за лечење и нега на испукана кожа на петици, стапала и лакти.. На кожата и ја враќа мекоста , еластичноста и ја прави мазна само за неколку дена нанесување на кремата.

Конципирана е така што кремата делува на задебелениот дел на кожата, ја омекнува и овозможува полесно одстранување на задебелените ќелии. Откако е омекнат задебелениот дел и одстранети задебелените ќелии, кремата продира до здравата кожа.

Присуството на екстрактот на невен (Calendula Officinalis) има функција како за омекнување на кожата, така и за поттикнување на циркулација на крвта. Невенот во комбинација со останатите состојки на ќелиите им овозможува добра исхрана што влијае на тоа да кожата на петиците и лактите станува затегната и мазна. Со самото тоа се спречува создавање на нови наслаги, задебелувања и пукање на кожата.

Глицеринот ја храни и хидрира кожата, овозможува на кожата полесно да ја впие кремата.

Парфемот во кремата ги дезодорира стапалата. Кремата се впива брзо и не е мрсна.

НЕГА:

Кремата се нанесува со втривање на чиста кожа на петици, лакти .. наутро и навечер.