Содржи екстракт на невен и глицерин, благотворно делува на кожата.

Заменува 2.5 килограми обична паста за раце.

Со додаток за заштита на рацете оваа паста е идеална за чистење на многу извалкани раце при работа во индустрија, механички работилници, занаетчиство, рударство и земјоделство.. Успешно ги отстранува нечистотиите од машинско масло, моторно масло, нафта и сите масти од минерално и биолошко потекло. Пастата за раце содржи активни материи кои успешно ги отстрануваат нечистотиите од сокови, слуз, трева, овошје и зеленчук. Како еколошка паста се употребува во прехрамбената индустрија и во домаќинството.

Додатокот на глицерин и невен гарантират дека рацете по миење со пастата долго остануваат меки и заштитени.

Во секој чистач се наоѓаат активни материи кои ја отстрануваат нечистотијата. Водата не може во целост да ги отстрани, па доаѓа до тоа да тие ја нагризаат кожата. Невенот има особина да ги разгради активните материи, останати по плакнење со вода и ги неутрализира. Глицеринот и ја враќа потребната влага на кожата и мрснотијата која чистачите ја имаат земено. Ја регулира хидратацијата и мрснотијата на кожата. Доколку на кожата постои некое оштетување( рана, исекотина или гребнатинка), невенот има функција да ја штити од негативни влијанија и помага при зараснување.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

На извалкани, навлажнети раце се нанесува паста, добро се трие и се плакни со вода.