КАРАКТЕРИСТИКИ:

Ова е производ наменет за нега на косата, со билни екстракти на бреза и камилица, со природен мед и активни компоненти кои многу поволно влијаат на коренот на косата и заштита на влакното, давајќи и природен, лелеав и здрав изглед.

СОСТАВ:

Екстрактот на бреза (Betulae Folium) делува антибактериски, негува и ја штити косата и кожата на главата.

Екстрактот на камилица ( Chamomilla Matricaria)) делува смирувачки и антибактериски.

НЕГА:

Се нанесува на сува или пак на влажна коса, се остава неколку минути да делува (во зависност од типот и степенот на оштетување на косата), а потоа се плакни со вода. Во комбинација со Шампонот против првут, го запира опаѓањето на косата и го подобрува нејзиниот раст. После миење на косата, може да се втрие во коренот на косата и да се остави да одстои, што ќе делува до следното миење на косата. Производот е наменет за нега на сите типови на коса. Посебно поволно дејство има на : сува, оштетена, фарбана коса, коса третирана со разни киселини, трајна одулација итн.