КАРАКТЕРИСТИКИ:

Содржи екстракт на Алое и невен, витамини А и Е.

Млекото ја храни кожата, моментално ја хидрира и и ги дава потребните витамини, минерали, амино киселини, ензими, сапонини, стероли, незаситени есенцијални масни киселини.. При секое туширање се отстранува дел од масните материи (себум), кој не штити од габички, бактерии и други штетни влијанија. Млекото за тело го надополнува заштитниот слој кој кожата при тоа го губи.

АЛОЕ ВЕРА ја регенерира и ја зголемува еластичноста на кожата. Екстрактот на ова билка се добива од листовите, додека гелот се цеди од самото стебло и тие воедно се најлековити. Најкомплетна лековита билка која содржи комплексна смеса од преку двеста педесет биолошки достапни активни супстанции.

Алоето ги ублажува последиците од различни воспаленија и алергии и извонредно ја хидрира кожата бидејќи продира до најдлабоките дермални слоеви.

Невенот ја подобрува циркулацијата на кожата, делува против воспалително, го спречува воспалението на кожата и го намалува постоечкото.

Витамините А и Е ја прават кожата помлада и поздрава, и го зголемуваат имунитетот.

Витаминот А ги обновува оштетените и создава нови здрави ќелии, со што кожата е подмладена и добива убав изглед.

Витаминот Е ја хидрира кожата и обезбедува дополнителна еластичност и свиленкаст изглед. Спречува воспаление и ја поттикнува циркулацијата.

ДЕЈСТВО:
  • ја храни, ја негува и ја подмладува кожата
  • ја поттикнува работата на ќелиите
  • го зголемува дотокот на кислород во кожата и го зајакнува нејзиното ткиво
  • спречува изумирање на ткивото и го поттикнува создавањето на ново
  • ја затегнува кожата и ја подобрува циркулацијата
  • ја хидрира кожата и одржува рамнотежа на влажноста
  • штити од УВ зрачење
  • ја прави кожата мека, мазна и еластична