ЗА ШТО Е НАМЕНЕТ:

Со локална употреба ги намалува последиците од повреди ( спортски и разни други повреди ) ревматски и болки во зглобовите, ја олеснува главоболката и проблемите со синусите, ги намалува симптомите на настинка и грип.

КАКО ДЕЛУВА:

Сите компоненти се вградени во лесна хидрофилна подлога од која активните принципи полесно се апсорбираат, а ресорпцијата и продирањето во најдлабоките слоеви е овозможена со природата на самите компоненти.

Има својство да испарува од површината и на тој начин ја лади кожата со оглед на тоа дека содржи ментол. Со тоа се ублажуваат симптомите како што се оток, болка и прегреаност на на воспалените места. Благодарение на присуството на Камфор има ефект на омекнување и ладење. Смирува чешање, делува против инфекции.

Спречува воспаление и ја смирува кожата. Ги ублажува болките, ја подобрува и ја поттикнува циркулацијата, и спречува воспаленија и инфекции. Ја намалува покачената температура на кожата и ја намалува болката. Предизвикува зголемен доток на крвта во кожата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ И МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ:

Да се избегнува контакт на мелемот со слузокожата околу носот, устата, гениталите и очите. Гелот да не се нанесува на оштетена кожа, рани и изгореници. Не се препорачува на лица кои се чувствителни на некои од состојките во производот. По употреба рацете добро да се измијат.

КАКО СЕ УПОТРЕБУВА:

Се нанесува два до три пати дневно со блага масажа. Производот е наменет исклучително за надворешна употреба.