КАРАКТЕРИСТИКИ:

Содржи екстракт на босилек и витамини.

Босилекот (Basilicum Ocimum) ), делува антибактериски и спречува развој на микроорганизми. Со витамините има задача да ја негива кожата додека специјалната формула на алуминиум, силициумова и борна киселина делува така што во мала мера го намалува потењето и во исто време ги убива бактериите.

ДЕЈСТВО:

На многу ефикасен начин се спречува размножување на бактерии и габички на површината на кожата на нозете.
На тој начин не доаѓа до разложување на потта што директно го елиминира непријатниот мирис на нозете. Мелемот не ја пореметува природната секреција на нозете туку го неутрализира непријатниот мирис, што и дава свежина на кожата на нозете. Мелемот го отстранува непријатниот мирис на нозете, односно нуспродуктите од неговото распаѓање.

НЕГА:

На претходно измиени нозе со антибактериски сапун се прска мелем против потење на нозе. За да се постигне очекуваниот ефект, постапката треба да се повторува 15 дена во континуитет. Се прави пауза од неколку дена, после што постапката се повторува.