КАРАКТЕРИСТИКИ:

Лосионот има антибактериски и дезинфекциони својства. Го коригира штетното влијание на бричењето, ја неутрализира алкохолноста која настанува по употреба на сапун и ја враќа маснотијата на лицето, со создавање на тенок слој на кожата.
Во неговиот состав се вградени посебно одбрани суровини: етил алкохол, екстракт од коприва, борна киселина, алантион, кремафор.

Етил алкохолот ја дезинфицира кожата и спречува печење и воспаление на кожата со брзо испарување.
Иста, но природна функција има ментолот добиен со специјална екстракција од мента како и екстрактот од коприва.
Борната киселина ги неутрализира заостанатите честички од сапунот и на кожата и дава пририден pH од 6.5-7.

Алантионот ја забрзува регенерацијата на ќелиите, ги чисти ткивата и го забрзува создавањето на нови ќелии.

Кремафор ( пег-40 кастор масло- специјално рицинусово масло ) на кожата и дава маснотија и ја штити од негативните надворешни влијанија. Го неутрализира дејството на алкохолот.

Екстрактот на коприва го подобрува имунитетот на кожата, ја смирува и делува против воспалително. На кожата и ја враќа потребната влажност.

ДЕЈСТВО:
  • Ја смирува кожата
  • Штити од воспаление и инфекции
  • Ја хидрира и негува кожата
  • Кожата добива здрав, негуван и кадифен изглед
НЕГА:

Се нанесува на лицето после бричење.