КАРАКТЕРИСТИКИ:

Кремата против брчки ја ревитализира кожата, го одржува тонусот и ја хидрира, правејќи ја нежна, сјајна и еластична. Хармонична композиција на база на природни суровини со козметички квалитет, витамини, растителни масла: јојоба, бадемово, рицинусово и масло од ночурак, колаген и хијалуронска киселина.

Кремата е богата со есенцијални масни состојки неопходни за создавање на нови ќелии. Го забрзува метаболизмот на ќелиите, ја одржува киселобазната рамнотежа и го намалува негативното влијание на слободните радикали. Совршениот комплекс на биолошки активни состојки, има за цел да ги спречи и ублажи последиците од прерано стареење и да ги зајакне одбрамбените способности на кожата.

Хијалуронската киселина го забрзува метаболизмот на ќелиите. Овозможува забрзано размножување на ќелиите поради подобра и интензивна исхрана, при што ќелиите завземајќи го местото една покрај друга доведуваат до ,,пеглање ” на кожата и исчезнување на брчките.

Колагенот е производ на хијалуронската киселина. Се наоѓа во поткожното ткиво. На кожата и дава еластични својства. Со стареење доаѓа до негово намалување и до набирање на кожата. Недостатокот на колаген се надополнува со употреба на креми.

Маслото од ночурак (Oenothera biennis) ја омекнува кожата, ја кондиционира и хидратизира, па е посебно добро за сува и рапава кожа. Придонесува за брза регенерација на оштетената кожа и ја враќа еластичноста. Го регулира ќелискиот метаболизам и ги одзатнува порите.

Рицинусовото масло одговара на сите типови на кожа, бидејќи кога ќе се исуши, создава заштитен филм на кожата и спречува нејзино сушење, па кожата на тој начин ја задржува природната влажност. Ја регенерира кожата и спречува создавање на лузни.

Бадемовото масло (Prunus amygdalis var. Dulcis) е многу ценето козметичко масло кое ја храни кожата. Има позитивно влијание на сите типови на кожа, а посебно на сува и чувствителна кожа.

Јојоба маслото (Simmondsia sinensis или Buxus sinensis) или течен восок, одговара на сите типови на кожа. Го регулира создавањето на себум, негува и ја враќа рамнотежата на мешовитата (комбинирана) кожа, ја регенерира и и ја враќа еластичноста. Ја навлажнува и омекнува кожата така што создава немасен липиден слој кој спречува губење на водата, а потоа во горниот слој на кожата го омекнува ткивото.

ДЕЈСТВО:
  • Длабински ја негува и ја јакне кожата со зголемување на нивото на влажност, го забрзува метаболизмот на ќелиите.
  • Ситните брчки исчезнуваат.
  • По 4 недели видливо ги намалува брчките до 50%.
  • Спречува прерано стареење на кожата, им дава енергија на ќелиите.
  • На кожата и го враќа тонусот и еластичноста и ја прави блескава.
НЕГА:

Најдобри резултати кремата дава ако се нанесува на претходно исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето.

Се нанесува секоја вечер со благо втривање во кожата и се остава да делува. Кремата може да се нанесува и наутро пред шминкање. Одговара на сите типови на кожата.