Интензивно освежува, лади, ја штити кожата и помага на исушената, иритирана кожа да ја надохнади изгубената влажност.

Ја регенерира кожата и овозможува смирувачка богата нега. Благодарение на богатите активни протективни супстанци, систематски и ефикасно ја негуваат кожата, давајќи неопходна влажност и еластичност. Високиот процент на екстракти од невен во кремата го спречуваат развојот на микроорганизми и ja подобрува епителизацијата на кожата.

D-Panthenyltriacetat – ги поврзува со кожата витаминот B 5 и коензимот А.

Го подобрува капацитетот на задржување на влагата, и дава еластичност на кожата, го зајакнува сврзното ткиво, го активира обновувањето на кожата, спречува надразнување и воспаление, го забрзува зараснувањето на раните.

Diglycerin продира подлабоко во кожата и овозможува долготрајно задржување на влагата.

Bisabolol – производ на дестилација на јужноамериканското дрво (Vanillosmopsis Erythropapa) е природен антибактериал и антимикотик ја штити кожата од габички, ги отстранува истите и го отстранува непријатниот мирис.

Големиот процент на невен (Calendula Oficinalis) делува антисептички ( спречува развој на микроорганизми) , антифламаторно ( ја ублажува болката, ја намалува зголемената температура), ја поттикнува епителизацијата на кожата.

Ја смирува чувствителната и надразнета кожа. Го забрзува процесот на заздравување и ја смирува кожата од изгорениците настанати при сончање, го смирува воспалението, ги ублажува лузните и отоците при каснување од инсекти.

Кристалите на ментол освежуваат и разладуваат и на тој начин ги ублажуваат отоците, болката и прегревањето на воспалените места. Ментолот има анестетичко дејство.