Содржи екстракт на босилек и биоразградиви активни материи.

Се употребува за машинско и рачно перење на теписи, мебел, капути, авто седишта, навлаки, може да се употребува во сите машини со четки. Не предизвикува штетни и непријатни испарувања.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се прави раствор од 2 литри вода и едно капаче концентрат. Површината која се третира со концентратот потребно е прво да се исчисти со правосмукалка, се прави богата пена од раствор и се нанесува со сунгер на површината за чистење. Се остава да делува 6 часа, а заради подобар ефект и во случај на поголема извалканост да се остави преку ноќ, да не се гази и наутро повторно да се исчисти со правосмукалка.

КАКО ДЕЛУВА КОНЦЕНТРАТОТ?

Пената ги “обвиткува” честичките од прашина, ги издвојува и ја исфрла нечистотијата на површината на тепихот.

Откако концентратот ќе ја заврши својата работа, потребно е само да се исчисти со правосмукалка и таа ќе биде потполно отстранета.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА:

– По чистење на капути, потребно е само добро да се исчетка

– Стари, веќе третирани флеки пред нанесување на пена, да се намачкаат со чист концентрат

– Доколку флеките по првиот третман не се отстранат, постапката се повторува уште еднаш

– Доколку и во тој случај не се отстранат, да се употреби паста за домаќинство или универзален концентрат