Содржи екстракт на босилек и биоразградиви активни матери.

Се употребува за рачно и машинско перење на облека. Погоден е за нежни ткаенини и ткаенини во боја.
Се употребува за сите видови на памучна, синтетичка, целулозна и свилена облека.
Уникатните состојки на детергентот даваат белина и светлина на боите, давајќи им исклучителна свежина и сјај. Одлично ги отстранува сите видови на нечистотии. Активните материи во него ги напаѓаат тврдокорните дамки, ги разградуваат и ги отстрануваат.

Детергентот брзо се раствора во вода, одлично се плакни и не остава траги на ткаенината. Не ја иритира кожата на рацете. Подеднакво добро пере на сите температури независно од тврдината на водата.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Кај машинско перење на облека до 60° С за шарена и малку извалкана бела облека, во преградата за прашок ставаме 2-3 капачиња од детергентот, зависно од количината и извалканоста на облеката. За рачно перење дозата сами ја одредуваме.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА:

– Може да се употребува за вриење и перење на многу извалкана бела облека во комбинација со универзалниот концентрат. Ја чисти и штити машината од каменец.

– Со употреба на концентратот за облека и обврзно додавање на омекнувач или оплеменувач се намалуваат алергиите и воспаленијата на кожата.