Биоразградив, без алкалии и фосфати.

Концентратот е наменет за отстранување на флеки од: ткаенини, облека, теписи, мебел и друг текстил. Средството отстранува масни флеки, флеки од чоколадо, кармин, пенкало, кафе, крв итн. Концентратот делува на извалканото место така што реагира со супстанцата со која ткаенината или друга површина е извалкана, гради соединение со неа, најчесто сапун. Ова соединение е растворливо и лесно се отстранува со топла вода така што флеката исчезнува. Средството за отстранување на флеки е така конципирано да дел реагира со извалканиот дел , а другиот дел го негува влакното така што му дава волумен и го добива првобитниот изглед.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Употребата е едноставна. Средството се нанесува на флеката, се чека 10-15 минути ( во зависност од јачината на флеката) и потоа се пере со млака вода.

Боите и сите видови на ткаенини се постојани на овој концентрат, но и покрај тоа препорачуваме, пред употреба да се направи тест на постојаност. Доколку флеката и по третманот се забележува, постапката да се повтори во пократок временски интервал.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊА ОД МРЕЖАТА:

Ткаенина која примила боја при перење од други различни ткаенини, се доведува во првобитната состојба по третман со концентратот за флеки.