СОСТАВ:

Цвет и лист од глог, Жалфија, Кантарион, Маточина, Шипка, Оригано (Вранилова трева).

ДЕЈСТВО:

Се користи за регулирање на крвниот притисок, ги чисти и зајакнува крвните садови. Пред се е наменета за регулирање на високиот крвен притисок, но може да се користи и за регулирање на нискиот крвен притисок. При регулирањето на нискиот крвен притисок, чајот треба да се користи во помали дози, со задолжително контролирање на крвниот притисок.

Чајот помага и при намалување на притисокот во организмот и смирување. Од таа причина, може да го пијат и лица кои имаат проблеми со несоница, навечер пред спиење. Може да се комбинира со чајот број 1 (Ранкин чај ) и со чајот број 2 ( Пробавит чај).

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Една вреќичка чај во 2дл врела вода. Се лади. Се пие во мали количества, а што почесто. Се пијат 2-3 шољички чај во текот на денот со контролирање на крвниот притисок. Содржината на вреќичката може да се пие и разматена во јогурт.