КАРАКТЕРИСТИКИ:

Балзамот покрај протеини содржи Д-пантенол кој е провитамин Б5. На косата и дава еластичност и ја чува од сушење. Д- пантенолот ја регенерира косата која е во фаза на “цветање” , ја подобрува состојбата на оштетената коса. Го олеснува чешлањето, ја поттикнува регенерацијата на кожата на главата, и дава еластичност и мекост.

ДЕЈСТВО:

Балзамот има тројно дејство за регенерација на косата. Има моментално дејство на кондиционирање на косата и ја одржува нејзината природна влажност. Со употреба на балзамот косата станува лелеава, сјајна, мека и лесно се обликува. Ја регулира pH вредноста. Благодарение на присуството на протеините ја регенерира и зајакнува структурата на здравата и оштетената коса.

НЕГА:

Се употребува по секое миење на косата, белење, трајна ондулација и бојадисување. По миење на косата се нанесува балзам, се расчешлува косата и се остава да делува 1 минута. Потоа косата се плакни со млака вода и фризурата се обликува на вообичаен начин.