Карактеристики:

Geл против хемороиди

Помага на лица кои имаат проблеми со проширени вени во дебелото црево (хемороиди).

Основна карактеристика на овој производ се природните компоненти вградени во форма на гел од која сите активни материи лесно се ресорбираат и прават релативно брз ефект на делување.. Гелот на база на екстракт на храстова кора помага во стеснување на проширените вени и капилари.
Доколку постои и крварење, помага за побрзо прекинување и санирање на евентуални ранички на местата каде што се испукани вените и капиларите.
Гелот има смирувачко и релаксирачко дејство. Содржи природни компоненти кои делуваат на болните места, бидејќи проблемите со хемороидите се пропратени со болка. Високата содржина на екстракт на див костен во синергија со останатите состојки помага за ублажување на напнатоста и намалување на евентуалните отоци во пределот на дебелото црево. Помага за зајакнување на ѕидовите на дебелото црево. Со редовна употреба на овој гел, Вашите проблеми во голема мера ќе бидат олеснети.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

На добро исчистено и измиено место ( со антибактериски сапун) се нанесува гелот неколку пати во тек на денот.

Производот да се чува на температура од 20-25 степени, добро затворен, заштитен од светлина и влага. Да се чува надвор од дофат на деца. Да се избегнува контакт со уста и очи.