КАРАКТЕРИСТИКИ:

Гелот за коса Стронг, служи за нега на коса, ја зацврстува, и дава сјај и овозможува формирање на саканата фризура.

Гелот има исклучително силна моќ за фиксирање со што се постигнува лесно, едноставно и брзо обликување на косата до посакуваниот изглед.

ДЕЈСТВО:

Поливинил пиролидон во својот молекул има голем број на амино групи кои овозможуваат гелот да се врзе за влакното и помага да биде заштитено од негативните надворешни влијанија.

Карбомерот со водената фаза има за задача да остане на косата и по нејзиното сушење, што дава влажност, еластичност, цврстина и волумен на влакното.

Алкохолот овозможува брзо сушење на косата, а заедно со глицеринот овозможува екстрактот на коприва и Д-пантенол, полесно да навлегуваат во влакното, со што се забрзува циркулацијата и побрз развој на ќелите, а со самото тоа и раст на косата.

Копривата има моќ да навлегува низ целата кожа, го регулира себумот на косата, делува антисептички (спречува развој на микроорганизми), го одржува влакното здраво.

НЕГА:

Гелот се нанесува на влажна коса пред формирање на фризура. По нанесувањето на косата и дава сјај, здрав, природен изглед и сакан облик на фризурата.