– со етерично масло од портокал, невен, маслиново и бадемово масло
Ублажува егзема, псоријаза и лузни.
Флора е идеална релакс крема за нега, ревитализација и масажа на телото која содржи комбинација на растителни масла и витамински комплекс. Претставува складен спој на традиционална рецептура со модерните достигнувања на технологијата.
Во составот на кремата влегува:
– Природно масло од: маслинка ( најделотворно козметичко масло, делотворно во лечење на псоријаза, дерматитис, егземи и сува кожа),
– Невен ( делотворен кај изгоретини, кожни воспаленија),
– Бадем ( идеално масло за масажа кое ја храни кожата, посебно сувата и оштетена),
– Shea buter ( африканско растение кое традиционално се употребува за нега на бебиња и е природен УВ филтер, ја штити кожата од пукање, помага кај дерматитис, лузни, изгоретини од сонце, спречува создавање на брчки) и
– етерично масло од портокал ( ценето поради противвоспалително, антисептичко и антидепресивно дејство, спречува оштетување и стареење на кожата, создавање на брчки и темни флеки, го поттикнува производството на колаген).
Кремата за масажа со ароматерапевтско дејство го ослободува телото од стрес и напнатост, релаксира и ја враќа енергијата. Активните компоненти и витамини ја обновуваат кожата, го ублажуваат црвенилото и лупењето, ја поттикнуваат циркулацијата и ги обновуваат ќелиите. Кремата е добра за спречување на наталожување на целулитни наслаги.
Телото се чувствува силно и релаксирано!!!