КАРАКТЕРИСТИКИ:

Кремата ја храни и ја хидрира кожата. Масните материи од маслената фаза и екстрактот на невен создаваат комплекси, кои на кожата оставаат невидлив филм кој ја храни и ја прави исклучително мека, додека водените супстанции со активните принципи продират длабоко и предизвикуваат зголемена циркулација – побрзо обновување на ќелиите.

Во оваа крема е вградена сребрена вода која ја прави уште поефикасна во својата задача.

Среброто е вградено во облик на најситни честички околу 0.001 микрон, кои пливаат во водата градејќи колоидно сребро, кое има исклучително дезинфекционо и благотворно дејство на кожата.

Со секојдневна употреба покрај нега овозможува отстранување на акни, гнојни чепови, мозолчиња и егземи.

НЕГА:

Вака конципирана кремата е наменета за сите возрасти и типови на кожа, а посебно кај оние кај кои дехидратацијата има предизвикано дегенеративни промени, кои се гледаат во губењето на способноста на кожните колоиди да ја врзуваат и трајно да ја задржат водата во неа.

Според тоа кремата има терапевтска примена.

Со употреба кoжата станува негувана и здрава.