КАРАКТЕРИСТИКИ:

Содржи екстракт на коприва, липа и глицерин. Липата ја смирува и омекнува кожата и косата, богата е со етерични масла, а копривата го зајакнува коренот на косата и спречува нејзино опаѓање.

Копривата (urtica dioica) продира низ целата кожа, го регулира себумот. Делува антисептички. т. e спречува развој на микроорганизми. Ја подобрува циркулацијата и го одржува влакното здраво.

Поради своите витамински вредности копривата се смета за изклучително здрав, полезен и пристaпен лек.

Липа (tilia cordata) ја опушта и смирува кожата и влакното.

Dejstvo:
  • Го јакне коренот на косата
  • Ја омекнува кожата на главата и косата
  • Спречува опаѓање на косата
  • Дава волумен, сјај и лелеавост на косата
НЕГА:

Се употребува за секојдневно миење на косата и за туширање.

Се препорачува на сите лица, посебно на спортисти, како и деца и бебиња, бидејќи не ги надразнува очите. Со оглед на тоа што шампонот е благ, одговара на сите типови коса и кожа.