КАРАКТЕРИСТИКИ:

Содржи екстракт на невен, камилица, токоферол, провитамин B, D-пантенол.

Екстрактот на невен (Calendula Officinalis) ја омекнува кожата и ја поттикнува циркулацијата на крвта. Невенот ја храни и регенерира кожата.

Камилицата (Chamomilla Matricaria) делува против воспалително и антибактериски на кожата.

Купката е формулирана на база на благи и високо квалитетни активни материи. Неутрална е и безбедна, дури за најчувствителната детска кожа. Нејзиното благо дејство го гарантираат екстрактите на невен, токоферол и провитамин B.

Купката создава богата пена која лесно се плакни и не ги надразнува очите, така што капењето за бебињата претставува уживање. Се употребува за миење и нега на кожата и косата.