Се употребува за чистење на стаклени и сите останати површини кои бараат сјај и чистина. Се препорачува за чистење на очила, компјутери, мобилни телефони…

Еколошко биоразградиво средство кое содржи квалитетни површински активни компоненти како и екстракт на босилек кој е познат како дезинфекционо средство. Се употребува за чистење на стаклени и сите останати површини кои бараат сјај и чистина. Се препорачува за чистење на очила, компјутери, мобилни телефони…

На површината која се чисти остава богат заштитен филм, кој има антистатичко дејство со што се намалува ефектот на валкање.

НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Површината која се чисти се прска неколку пати на растојание од околу 20 сантиметри, држејќи го шишето вертикално. Потоа се брише со сува крпа. Шишето со прскалката е многу практично бидејќи може да го носите постојано со Вас, а кога ќе се испразни може да го дополните со детергент за стакло.