КАРАКТЕРИСТИКИ:

Содржи суровини со козметички квалитет: пчелин восок, билни масла (јојоба, рицинусово, бадемово), витамин Е и А и колаген.

Пчелиниот восок ја прави кожата мазна и еластична и создава отпорност на кожни болести.

Јојоба маслото (Simmondsia sinensis или Buxus sinensis) овозможува кожата слободно да диши, длабински ја храни, не ги затвора порите, а во исто време ги хидрира сувите делови на кожата. Јојобата делува против воспалително и благотворно кај псоријаза, егземи и воспалителни инфекции на кожата.

Рицинусовото масло спречува сушење на кожата и на тој начин ја задржува природната влага и ја регенерира кожата.

Бадемовото масло (Prunus amygdalis var. Dulcis) содржи минерали и есенцијални масни киселини, како и витамини А, Б, Д и Е. Бадемовото масло инаку е многу ценето козметичко масло кое ја храни кожата. Има позитивно влијание на сите типови на кожа.

Витаминот Е е природен антиоксиданс, ја штити кожата од оштетување.

Колагенот е протеин кој го произведува нашето тело. Претставува составен дел на сврзното ткиво кое е од витално значење за нашиот организам. Поради природните процеси на стареење кои започнуват во средината на дваесетите години, произведувањето на колагенот на нивото на кожата започнува да опаѓа, што доведува до намалување на еластичноста на кожата. На површината на кожата, ќелиите забрзано изумираат, се создава задебелен слој на рожнати ќелии, кој ги успорува процесите во кожата. На намалување на колагенот влијаат како стареењето, така и надворешните фактори, што предизвикува опуштање на кожата и создавање на брчки.

ДЕЈСТВО:

– Комплексот на биоактивни материи од кремата преоѓа во подлабоките слоеви на кожата, исправајки ги постоечките и спречувајќи го формирањето на нови брчки.

– На кожата и се враќа еластичноста и влажноста.

НЕГА:

Кремата се нанесува секоја вечер во период од 6-8 недели. Кремата се користи за нега на чувствителната кожа околу очите и усните. Се препорачува негата со оваа крема да се започне после 25 години старост.