Мрежен маркетинг

Системот на мрежен маркетинг е најбрзиот начин на пласман на робата и услугата, се нарекува маркетинг на дистрибутивниот систем на 21 век. Се појавил како конкуренција на класичниот начин на продажба, со цел да се заобиколат посредниците помеѓу производителот и потрошувачот. Класичниот маркетинг подразбира вградување на разни посреднички услуги во цената на производот, што не одговара ниту на крајниот потрошувач ниту на производителот. Производителот со овој систем се приближува до потрошувачот и на тој начин цената станува поповолна. Потрошувачот има можност да ги набавува производите по повластена цена.

Во мрежниот маркетинг компаниите немаат високи трошоци кои во многу сегменти го оптоваруваат класичното работење, а се вградуваат во цената која ја плаќа крајниот купувач. Заштедите се на потребата за поседување на голем број на деловни и малопродажни објекти, транспорт до потрошувачите, голем број на вработени, рекламни кампањи, атрактивни и луксузни пакувања. Во мрежниот маркетинг целата работа ја вршат регистрирани потрошувачи на производите, ги продаваат и рекламираат со меѓусебна комуникација и непосредни, лични контакти. Компаните кои работат по принципот на мрежен маркетинг многу вложуваат во квалитетот и развојот на своите производи, а заради непосредниот контакт со потрошувачите побрзо реагираат на барањата и потребите на пазарот.